Најнови информации

Објавени првите страници на Водичот за прекугранична соработка

Почитувани,

со задоволство ве известуваме дека се објавени првите страници на Водичот за прекугранична соработка. Можете да ги погледнете тука.

Screenshot 2016-08-15 21.21.12

 

За потсетување, во рамките на информативната кампања креирана како пилот проект, ЦИСР ја креираше оваа основна алатка која ќе помогне за осознавање на концептот и можностите на прекуграничната соработка. Се започна со подготовка на Водичот за прекугранична соработка во Јули, 2016 година, и неговиот развој и ажурирање е замислен да биде во вид на еден динамичен процес во кои би сакале да ја вклучиме и јавноста со своите идеи и забелешки. Затоа, вашите идеи, и забелешки ве молиме да ги споделите со нас на info@centercrcd.org.

 

Ви благодариме,

Тимот на ЦИСР

 

 

 

Advertisements

Потикнете ги добрососедските односи со другата страна од границата

Границите раздeлуваат но и зближуваат. Границите можат да се користат како мостови за соработка но и како причини за конфликт и омраза.

За да можеме позитивно да ги искористиме истите треба да ги гледаме како алатки и инструменти за развој кој ќе ни помогнат да го подобриме нашиот секојдневен живот и да запознаеме нови култури и практики.

Центарот за истражување, меѓугранична соработка и развој (ЦИСР) има за цел да ви помогне полесно да ги согледате придобивките на границите и да создадете за себе и за вашето општество можност и прилика за развој и промоција на вашиот регион или област.

ЦИСР работи секојдневно на оваа проблематика, и започна со нудење на информации претежно на англиски јазик, но реалните прилики покажаа дека е силна потребата прекуграничната соработка да му се приближи на локалното население на јазик кои се користи во секојдневната комуникација. За таа цел, ќе започнеме со информативни активности на македонски јазик кои се надеваме дека ќе би помогнат да научите нешто повеќе и ќе ви дадат идеи за идни проекти и активности во вашиот регион или област и во вашето поле на дејствување.

 

Со почит,

Тимот на ЦИСР