| CBCINFOMK – Информативна Кампања за Прекугранична Соработка|

Оваа интернет страна е креирана со цел да ви помогне да најдете многу корисни информации и алатки кои се надеваме дека ќе ви помогнат за подобро да ја осознаете и разберете прекуграничната соработка како инструмент за подобар развој и соработка во вашиот регион или област.

Интернет страната е наменета за потребите на проектот Информативна Кампања за Прекугранична Соработка кој ЦИСР го започна оваа година со цел да ја промовира прекуграничната соработка како концепт и алатка. Проектот има неколку специфични цели и тоа креирање на тренинг материјали за прекугранична соработка и организирање на неколку тренинг сесии за претставниците на невладиниот сектор, локалната самоуправа и малите и средни претпријатија.

  • Времетраење (фази на проектот):
  1. 07/2016 – 08/2016: Барање на спонзорства и донации
  2. 08/2016 – 10/2016: Креирање на посебна интернет страница за прекугранична соработка
  3. 10/2016 – 12/2016: Креирање на тренинг материјали во форма на Водич за прекугранична соработка
  4. 05/2017: Тестирање на тренинг материјалите преку организирање на една тренинг сесија во Скопје.

 

Advertisements